(ВИДЕО) Мртви луѓе по улица во Тел Авив – осум случајни минувачи загинаа во терористички напад

by Fokus

Како што пренесуваат светските медиуми, нападот во Тел Авив го извршиле двајца мажи облечени во црно, кои носеле автоматско оружје.

Според првите извештаи за двајца вооружени мажи кои пукале во Израелци и бројни повредени пријавени во Јафа, предградие на Тел Авив, пукањето се случило во близина на трамвајската станица на раскрсницата на улицата Газа и авенијата Ерусалим.

Засега се пријавени десетина повредени, а Хаарец наведува дека 8 луѓе загинале.

Полицијата соопшти дека се верува дека пукањето во Јафа е терористички напад.

Поврзани новости