Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов предупреди дека мостот во Визбегово е опасен за граѓаните кои поминуваат по него, но и за оние кои минуваат под него.
Тој укажа на опасноста од камените гранитни коцки од патот кои се расфрлени и кои може да паднат врз некое возило.
„Возилата коишто се движат по овој мост прават силни вибрации. Коцките се само на 30-40 сантиметри од работ на мостот и може да паднат долу на улица. Доколку коцка падне врз возило коешто минува под овој мост, некој може да биде убиен. Дали треба да чекаме некој да загине или тешко да биде повреден или изваден од памет доколку коцката падне на совозачкото седиште па излета од патот и удри во ѕидовите на мостот “ праша Ангелов.
Тој ги повика општина Бутел и Град Скопје да седнат и да се договорат – кој е одговорен за овој мост.
„Нека не си ја префрлаат надлежноста едни на други. Нека седнат заедно и нека дојдат да го решат овој проблем, рече директорот на ЦУК.