Најмалку 18 луѓе загинаа, над 35 се повредени во лизгање на земјиште, по обилните врнежи што ја зафатија Колумбија.
Многу од жртвите седеле во возилата кога кон нив се движела лавина од кал и камења и ги затрупала. Страшните видеа на социјалните мрежи покажуваат дека се се случило толку брзо што немало шанси за бегство.
🇨🇴#COLOMBIA | El momento que se registró el segundo deslizamiento de tierra en la vía Quibdó – Medellín, a la altura del kilómetro 17 del municipio del Carmen del Atrato, Chocó. Arrasó una vivienda y autos que quedaron atrapados en la carretera tras el primer deslizamiento. pic.twitter.com/hMNdjtnm82
— Rochex Rababel Robinson Bonilla (@RochexRB27) January 13, 2024
Трагедијата се случила на патот меѓу градот Кибдо и Меделин.
Повредени се пренесени во различни болници.
🇨🇴#COLOMBIA🚨#URGENTE | De manera preliminar. 5 personas murieron tras el deslizamiento de tierra en la vía Quibdó – Medellín, a la altura del kilómetro 17 del municipio del Carmen del Atrato, Chocó. Otras 30 personas resultaron heridas. #RochexRB27 https://t.co/KlZP9L89GK pic.twitter.com/QyenwcQlNn
— Rochex Rababel Robinson Bonilla (@RochexRB27) January 13, 2024
Властите започнаа операции за пребарување на исчезнати лица, потенцијално сè уште затрупани под урнатините. Од Единицата за управување со ризици не соопштија што би можело да ја предизвика лавината, но Министерството за одбрана соопшти дека во областа врнело дожд што ги отежнува спасувачките операции.
Претседателот Густаво Петро напиша на Твитер дека неговата влада ќе ја обезбеди сета потребна поддршка во, како што рече, „страшната трагедија“.