564
Млад човек на 31 мај годинава на станицата „Караѓорѓев Парк“ во Белград спасил мајка и дете кои се движеле по шините додека зад нив доаѓал воз. Српски „Блиц“ објави видео на кое се гледа како момчето додека го чекало возот заедно со други десетина патници, реагирало брзо и е избегната трагедија.
Мајка водејќи го за рака својот малечок син ги минувала шините на железничка станица. Возот се приближувал, а исплашената жена, слушајќи го предупредувачкиот звук, почнала да бега и го влечела малото дете колку што можеле да ја носат нозете.
Младиот човек забележал жена и момче со раката во гипс како трчаат. Тие се обидувале да се искачат на рампата. Во истиот момент тој скокнал од клупата и ги влечел и со своето тело ги заштитил.
Возот застанал, а младиот човек му помогнал на момчето да стане, кое исплашено ја прегрнало мајка си.
View this post on Instagram