Петнаесетгодишно момче е уапсено во САД откако наводно ги убило родителите и трите браќа и сестри, а тешко ранило уште една сестра.
Трагедијата се случила вчера околу 5 часот по локално време во Фол Сити, кој се наоѓа во близина на Сиетл.
Според медиумите, тешко ранетото девојче, кое било застрелано со два куршуми, успеало да побегне од куќата и да истрча кај соседите да побара помош. Полицијата набрзо добила повик.
Кога екипите излегле на местото на настанот затекнале страшна сцена.
„Нашите членови затекнаа трагична глетка, застрелани пет лица, за кои немаше спас. Двајца возрасни и три тинејџерки“, соопштија властите.
Едното девојче е пренесено во болница со тешки повреди и не се знае нејзината состојба
Соседите велат дека во куќата живеело седумчлено семејство, татко, мајка и пет деца на возраст од 7 до 15 години. Биле видени како шетаат кучиња и деца како возат велосипеди.
„Вчера ги видов децата. Се однесуваа нормално“, велат соседите.
Сите се во шок. Велат дека децата биле добри и добро воспитани.
Засега не е познато што и претходело на трагедијата.
Според полицијата, момчето осомничено за убиство не давало отпор при апсењето.