(Видео) Молотови коктели фрлени врз рускиот конзулат во Марсеј, засилени полициски екипи ја обезбедуваат зградата

by Fokus

Во рускиот конзулат во Марсеј утрово се случи експлозија, но нема жртви, изјави рускиот генерален конзул во Марсеј Станислав Орански.

Работниците на итната помош влегоа во зградата, додека специјалните полициски сили и војниците ја обезбедуваат областа околу зградата, пишува Дејли Мејл.

Според информациите, со пожарот се борат околу 30 пожарникари.

Експлозиите биле предизвикани од два молотови коктели фрлени над ѕидовите на имот во град во јужна Франција, потврди полициски извор од Марсеј.

Поврзани новости