77
Опозициските демонстранти со молотови коктели ја нападнаа зградата на премиерот Еди Рама кога лидерот на Демократската партија – Сали Бериша зборуваше на протестот на опозицијата во Тирана.
Нападот на зградата на Владата се случи во првите 5 минути кога Бериша зеде збор на протестот преку видео врска.
Пожарот бил веднаш изгаснат од полициските служби кои беа во подготвеност.
Ситуацијата беше нормализирана за неколку минути.