Битолската група „Молика” и нивната вокалистка Анета Мицевска на својата официјална страница споделија видео на кое таа ја пее евровиската песна на Тамара Тодевска „Proud”.
Под видеото тие појаснуваат дека биле неправедно обвинети, дека за време на настап додека Анета ја изведувала песната на Тамара, всушност се работело за плејбек. Со цел да им појаснат на оние кои не верувале дека Мицевска може толку добро да го отпее оригиналот, тие направиле нова снимка, каде таа уште еднаш ја изведува „Proud”.
https://www.facebook.com/52418871661/videos/2346669472242738/?__xts__[0]=68.ARAjmZGp1nhaF7UmxtXoy6v3DT_xQMpJMoCcfdV-UB3dFvnD8-cYZYEn83Kp_G8L9I_JJa-x49tNYqaJWXYijUxArgDJKYuULzBISL82FmeHfwwohfRH53NwHeQaKEaSQCn4-v95y3tgS26XHv3ELUlOkN4Fo_q-NNggfpegbXC-tpvbkmLFhqZkob601arCV5X2SxL–fRQZXZA3siYhk2U-w6FL9znZkoE6q5uZOtiyMu5eD8GTxpCpvv22LIzrBpXLQVkdlQu0JY0go1dOOeR2aIFm1igIjfChOxgqD9NfX0J2J8a4v4oW1mt-uN3NUx3qDgSLyahdbmCcEM2V1nSYbIz-w&__tn__=-R
-Пред некое време на наш настап, нашето славејче Анета ја испеа песната „Proud” во живо, за што доби многу позитивни, но и многу негативни коментари. Се тврдеше дека таа не пее во живо, па дека пее Тамара и така натаму. Бевме приморани да ви докажеме дека Анета не пее на плејбек – информираат од „Молика”.
Инаку, првично објавената снимка каде Мицевска ја пее песната на Тамара е направена за време на свадба, каде групата ги забавувала гостите. Под коментарите со обвинувања дека всушност Тамара пее, а Анета само отвора уста, со своја реакција се јавија и луѓето на чија свадба била ангажирана групата и потврдија дека се пеело во живо.
Мицевска настапува со групата „Молика” чиј фронтмен е нејзиниот сопруг Џими, со децении наназад.
Има освоено голем број на награди и признанија во регионот и важи за исклучително квалитетен вокал. Во 2018 година, кога наш претставник на Евровизија беше групата „Ај кју” композиторот Григор Копров за медиумите изјави дека испратил песна на конкурсот, наменски работена за Анета.
Кога беше соопштена одлуката на МРТ, дека од вкупно пристигнати 382 песни, изборот паднал на „Ај кју”, од „Молика” јавно реагираа поради тоа што нивната вокалистка не била избрана и порачаа телевизијата во иднина да заборави на групата и на Анета.
Вики Клинчарова