(ВИДЕО) Мицкоски: Заев требаше да каже дека се срами од тоа што го направи и да поднесе оставка!

by fokus

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го критикуваше премиерот Зоран Заев поради телефонскиот разговор со руските комичари, а според него требало да поднесе оставка.

„Мислам дека единственото извинување што требаше господинот Заев да го каже денеска во неговата прес конференција, требаше да биде содржано во две реченици. Се срамам од тоа што го направив и веднаш ја напуштам функцијата претседател на Владата на Македонија. Предлагам парламентарното мнозинство во најскоро време да се состане, да се формира теничка влада и во рамките на 100 дена од овој ден, да се одржат предвремени парламентарни избори. Само тогаш ќе го видевме вистинското лице, она кое треба човек после ваков скандал, да го направи, ако сака да биде почитуван од сопствените граѓани“, истакна Мицкоски.

Поврзани новости