Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Штип го искоментира барањето на европратеникот од ГЕРБ, Андреј Ковачев да се исклучи партијата ВМРО-ДПМНЕ од Европската народна партија.
„Не е април. Тоа би била добра првоаприлска шега“, рече Мицкоски.
Бугарскиот европратеник претходно најави дека ќе побараат од ЕПП да биде исклучена ВМРО-ДПМНЕ од ова семество на партии од десниот центар во Европа.
„Ја информиравме Европската народна партија за однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и ќе побараме да се иницира процедура за исклучување на таа партија од ЕНП“, изјави за БНТ европратеникот од ГЕРБ.
Според Ковачев, ВМРО-ДПМНЕ на секој начин покажува дека сака да се приклучи кон Фидес, партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан бидејќи, како што вели, се оддалечува од вредностите на ЕПП.