(Видео) Мицкоски за апсењата во РЕК Битола и Осломеј: Продолжува борбата со криминалот, следат уште десетици вакви случаи

by Fokus

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе продолжи борбата против криминалот. Во одговор на прашањето за акцијата во Рек Битола и Осломеј, во која 23 лица беа осомничени и два правни субјекта, тој рече дека нема да прават естрада од тоа, но дека ќе се држат до тоа што го кажале.

Мицкоски најави дека во периодот што следи се работат десетици случаи.

„На македонските граѓани ќе им стане многу јасно што се случувало изминатите години. Па, преку фер и транспарентен процес очекувам секој да ја докажува својата вина или невиност. Во периодот што следи, од информациите со кои располагам ќе има десетици вакви случаи. Правдата е бавна, но кога ќе дојде таа постепено доаѓа и ќе дојде. Мора да ја вратиме довербата кај граѓаните, мора правдата да владее на целата територија на Македонија. Мора да бидеме правна држава ако сакаме да одиме напред. Тоа важи и за тие порано, но и за тие што денеска мислат дека ќе ја изиграат правдата“ рече Мицкоски.

Поврзани новости