(Видео) Мицкоски: Се ставаат на располагање на стопанството 250 милиони евра за инвестиции и развој на домашните компании

by Fokus

На владина седница беше донесена одлука со која се ставаат на располагање на стопанството сума од 250 милиони евра за инвестиции и развој на домашните компании.

„Ова историски досега најголема сума којашто директно се става на располагање на стопанството и преставува прва одлука со ваков износ кој до сега државата го обезбедува за стопанството, домашните компании и фирми и истите тие можат да ги користат овие пари преку давање би рекол за денешните пазарни услови, супер ниска каматна стапка.

Овие пари се од унгарската кредитна линија, а методологијата по која овие пари ќе станат достапни за компаниите е преку Министерството за финансии кое со цел воспоставување на кредитната линија за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва и одобри на Развојната банка, бескаматен заем во износ од 250.000.000 евра.

Развојната банка ќе ги стави на располагање на банките учеснички преку Рамковен договор за учество со намена финансирање на инвестициите и развојот на приватните трговски субјекти запишани во Трговскиот регистар“ рече Мицкоски.

Максималниот рок е до 15 години со вклучен грејс период до 3 години за банките учеснички. Краен датум е 15 години од датумот на потпишување на договорот за задолжување. Тој објасни дека банките ќе ги одобруваат кредитите на крајни корисници при што средствата може да се користат за: Инвестиции во основни средства. Крајниот корисник задолжително учествува со минимум 20% од вредноста на инвестицијата.

„Каматна стапка на годишно ниво си останува 1,95% она што веќе и е познато на македонската јавност, без дополнителни надоместоци за одобрување, управување и предвремена отплата на средствата. Максималниот износ на кредитот ќе биде до 10 милиони евра во денарска противвредност“ додаде Мицкоски.

Тој им се заблагодари на банките кои изразија интерес да учествуваат во распределбата на овие пари за стопанството, а Министерството за финансии преку Развојната банка ќе го менаџира овој процес.

„Очекувам значајно влијание за стопанството од овие средства и пари кои доаѓаат во време на криза, предизвици и отежнати глобални услови за домашните компании. Овие 250 милиони евра ќе ги зајакнат компаниите, а крајниот бенефит ќе го имаат граѓаните преку засилен стандард и подобра куповна моќ. Ова ќе обезбеди нови вработувања и сигурна работа за многу компании и неколку илјади нови работни места очекуваме“ рече Мицкоски.

Поврзани новости