Општина Аеродром беше прва општина која што во Македонија објави таканаречена зелена еко општинска обврзница, но поради опструкцијата на владата на СДСМ и ДУИ таа никогаш не беше реализирана, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„ Општина Аеродром и ова раководство во општина Аеродром одлучи да стави стоп на бетонизацијата и повеќе да се вложува во зеленилото, повеќе да се вложува во парковите, повеќе да се вложува во забавните катчиња за најмладите, нешто што ќе претставува основна политика на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е демографијата и зголемување на ферталитетот, грижа за најмладите.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија и идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија ќе биде влада на целата територија на Македонија, без разлика на тоа дали во некоја општина имаме градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата или не“ нагласи Мицкоски.
Тој ги охрабри градоначалниците кои што не се од ВМРО-ДПМНЕ да прават проекти, бидејќи како што рече, некаде втората половина на јуни ќе биде формирана владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, некаде втора половина на јули ќе има ребаланс со јасни и прецизни насоки како ќе се трошат парите на граѓаните и есента на првиот оглас да има повик до општините да конкурираат, да поднесат свои проекти, готови проекти со издадени градежни дозволи за да може да се случи првиот трансфер на средства од буџетот кон самите општини за да можат граѓаните да го почувствуваат веднаш она кое што го зборуваат во оваа кампања.
„Свесен сум дека поддршката е огромна, свесен сум дека очекувањата се огромни и затоа брзи проекти, брза реализација и брзо граѓаните треба да го почувствуваат тоа што го ветуваме. Доста беа лаги, доста беа порази, доста беше грабеж овие 6 и половина, 7 години, потребно е Македонија да ја трансформираме и Македонија да биде повторно твоја“ порача Мицкоски.