Имам три пораки, првата порака е да ги повикам граѓаните во Македонија масовно да излезат и да гласаат. Затоа што само на овој начин можеме да одлучуваме за нашата заедничка иднина. Ова се парламентарни и претседателски избори, масовната излезност е глас и одлука за иднината на нашите семејства и иднината на нашата татковина, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по гласањето на денешните претседателски и парламентарни избори.
„Втората моја порака е дека за време на кампањата предупредував на две можни сценарија кои денеска гледаме дека се реалност. Првото сценарио е на онаа група политичари кои што во своето име го имаат зборот „европски“, а од „европски“ немаат ниту „е“. Тие за жал се уште се заглавени во минатото, се уште се заглавени во 18-тиот век и ова ќе биде голема казна на граѓаните врз овие ретроградни и дефанзивни политики кои што овие политичари кои што во своето име „европски“ ја злоупотребуваат Европа. Јас сум убеден дека дури и Европа се срами од овие луѓе.
И третата моја порака е до вас новинарите, ви благодарам што бевте истрајни и издржливи во оваа 35 дневна исцрпувачка кампања, што објективно известувавте од сето она што се случуваше во овие 35 дена. И ви посакувам успешна новинарска кариера во иднина“ порача Мицкоски.