(Видео) Мицкоски: Комисијата за помилување ја констатира грешката и поднесе оставка, тоа е доблесно

by Fokus

Кога ќе се констатира грешка доблесно е да се преземе одговорност, вели премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција во Владата.

„Жив човек кој што работи знае и да погреши, кога ќе се констатира грешката, ако се преземе одговорност тогаш тоа е и доблесно и јас така можам да ја коментирам одлуката на членовите на Комисијата која се занимава со областа на помилувањето. Констатирана е очигледно грешката и единственото нешто кое го имаат тие и како морален чин е да се повлечат, а тоа и го направија. Очекувам тука да се затвори оваа тема во јавноста“ изјави Мицкоски.

На прашањето дали ќе бара одговорност од диркеторот на АНБ, Бојан Христовски, поради наводите за лажен сертификат по англиски јазик, Мицкоски рече дека доколку тоа го констатира соодветна институција а не опозицијата, тогаш ќе бара одговорност.

Мицкоски на денешната прес-конференција во Владата го објави потпишувањето на договорите со кои општините го добиваат првиот дел од 250 милиони евра за реализација на капитални инвестиции.

Поврзани новости