Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешното видео-обраќање по повод 30 години од основањето на неговата партија, го цитираше македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Притоа, тој додаде дека неговата партија ќе се бори со предизвиците кои следуваат во иднина.
Видео обраќање по повод 30 години ВМРО – ДПМНЕ
Идејата на ВМРО-ДПМНЕ тогаш и сега и во иднина ќе биде, МАКЕДОНИЈА.Нека е вечно и вековито победничко ВМРО-ДПМНЕ! Нека е вечна и вековита идејата за Македонија!
Publiée par Hristijan Mickoski sur Mercredi 17 juin 2020
„Дали може да има друго место за еден Македонец освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? Тие зборови на Гоце Делчев се ѕвезда водилка на секој искрен и чесен Македонец од еден век наназад. Мора да ставиме крај на поразите и понижувањата од СДСМ. Ја клекнаа Македонија. Изборот е јасен – обнова или измама“, истакна Мицкоски во своето обраќање