0
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека не го добил писмото од лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
„Не сум го добил, кога ќе го добијам ќе го коментирам“ кусо одговори Мицкоски на новинарско прашање.
Тој додаде дека дневно добива многу писма, пораки и со големо внимание пристапува во комуникацијата со граѓаните.
„Ахмети е граѓанин како и сите други граѓани и мора да се посвети внимание на секое писмо. Како што рече и вицемпремиерот Изет Меџити, ние не играме фудбалчиња, работиме и сме одговорни“ посочи Мицкоски.