(Видео) Мицкоски: Ако се плаши Ковачевски, нека именува луѓе кои се подготвени да седнат со луѓето од ВМРО-ДПМНЕ и да разговараат

by Fokus

Ние немаме намера да влегуваме во партиска преписка со тоа дали треба лидерска средба или нема да има лидерска средба. Нема да влегуваме во менталниот склоп на фрустрирани луѓе, доколку ценат дека на тој начин ќе излеземе од потенцијалната политичка и уставна криза, нема проблем прифаќаме се и во Собрание нека биде, еве работни групи нека седнат нека разговараат“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање, при денешната теренска активност на терен со граѓаните во Општина Штип во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!

Мицкоски побара од Ковачевски да именува луѓе кои ќе бидат подготвени да разговараат за датумите за одржување на претседателски и парламентарни избори, бидејќи како што рече Ковачевски се однесува кукавички затоа што постојано бега од избори, лидерска средба и дуели.

„Ако се плаши Ковачевски, барем од ова досега што го гледаме е докажан кукавица, бега од избори, бега од дуели, бега од новинарски прашања, континуирано бега од нешто. Ако тој се плаши нека именува луѓе кои се подготвени да седнат со луѓето од ВМРО-ДПМНЕ и да разговараат, бидејќи за неколку месеци од денеска имаме два клучни процеси за иднината на Македонија, а тоа се претседателски и парламентарни избори“, посочи Мицкоски и додаде:

Ние само сакаме да помогнеме во процесот, да додадеме вредност на процесот за да има предвидливост и да се знае кога почнува нештото и кога нештото завршува. Еве во ред, го разбирам бега човекот, исплашен е, кукавица е. Но, тој што е некој похрабар нека седне со тимот од луѓе кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги номинира, било каде сака, само нека ги договорат работите.

Поврзани новости