(Видео) Митева: На само еден месец пред заминување од власт, ДУИ и СДС прават јавна набавка за дигитални учебници

by Fokus

Молкот на МОН за скандалозните јавни набавки за дигитални учебници по странски јазици само го потврдува тоа што го зборуваме – поништуваат јавна набавка со банално образложение, а предвидуваат нова набавка вредна милиони, обвини портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

„Повторно прашуваме и ја потсетуваме јавноста прво за онаа набавка од 500.000 евра на фирмата ТРИМАКС за дигитални учебници кои никој не ги користеше, па се поставува прашањето дали сега повторно, на истата фирма и се доделени фантастични 800.000 евра. Дополнително е скандалозно што со новата набавка повторно на истата фирма и се доделуваат средства за дигитални учебници, и тоа повторно за 4 одделение, кои веќе беа опфатени со претходната набавка“ изјави Митева.

Таа вели дека состојбата во МОН е алармантна, дека на само еден месец пред заминување од власт, ДУИ и СДСМ прават уште една јавна набавка, за дигитални учебници. Единствена разлика, како што додава таа е што овој пат јавната набавка е за дигитални учебници за кои нема наставна програма. Односно, иако наставните програми за 7, 8 и 9 одделение не се објавени, иако учебници за овие одделенија не се направени, сепак се предвидени милионски суми за дигитални верзии.

„Бидејќи МОН молчи, прашуваме директно дали и овој тендер планираат да го поделат со истата фирма, или дали овој пат тоа планираат да го сторат со Арс Студио, фирмата која доби тендер за фантастични 5 милиони евра за превод на учебници?“ посочи Митева.

Поврзани новости