(Видео) Мисајловски: Првата работа за која ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага е борбата против криминалот и корупцијата

by Fokus

Првата работа што ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага е борбата против криминалот и корупцијата. Тука треба најмногу да се удри, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во Визбегово на средба со компании.

„Гледате дека нема ни доволно странски инвестиции, нема ни доволно мерки за малите и средни компании. Тоа ќе биде фокус на ВМРО-ДПМНЕ, тоа ќе биде фокус на новата влада.

Но, за сето ова, сето ова да се промени наредниот период првин ни треба огромна поддршка за нашата претседателка, а тоа е Гордана Силјановска Давкова која треба сите граѓани на 24 април да ја дадат поддршката за нејзе. За новата претседателка, за потоа бранот да продолжи на 8 мај и да се избере нова влада, каде што во новата влада ќе има нови инвестиции, ќе има повеќе работни места. Преку 55 илјади работни места, да има поголема економија, да има еден развој каков што сите очекуваме.

Еве, денес може да видиме на овој потег ветуваа дека автопатот Скопје – Блаце ќе го завршат многу брзо, но еве поминаа седум години нема ниту еден километар изградено. Тоа е СДСМ, тоа е ДУИ. Нас ни треба работа, нас ни требаат проекти, нас ни треба раздвижување во градежништвото, нас ни треба подобра и подобра економија.

Затоа се гледаме на терен секој еден ден и ги повикувам сите граѓани да ни се приклучат за подобри промени и се разбира за горда и достоинствена Македонија“ порача Мисајловски.

Поврзани новости