Вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева во интервју за бугарската приватна национална телевизија БТВ, зборуваше за дводневната посета на македонскиот премиер Зоран Заев во Бугарија.
За Министерката Захариева оваа посета е историска и преставува добронамерен и пријателски почеток за заедничка европска иднина на двете држави. Таа напомена дека Бугарија е секогаш тука да и помогне на Македонија кога и да биде побарана помош и постојано ќе ја поддржува кон патот за европските интеграции.
На прашањето околку признавањето на македонскиот јазик, министерката не гледа никаков спор, туку потенцираше дека Бугарија со признавањето на македонската држава, го признава и македонскиот јазик согласно уставот на Република Македонија.