(ВИДЕО) Милошоски: Филипче и Заев се возат на мотори во време кога луѓе се борат за болнички кревет

by fokus

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска уште еднаш ги обвини премиерот Зоран Заев и министерот Венко Филипче дека додека умираат луѓе тие се возат на мотори.

-Венко Филипче и Зоран Заев продолжуваат со аздисувањето додека по неколку десеттина лица умираат дневно. Во Македонија водена од Заев и Филипче сликата е, од една страна по неколку десеттина погреби и семејства завиени во црно, од друга страна власта се забавува. Да, за да се забавуваат Филипче и Заев се отвораат и хотели, ресторани, а еве денес веќе се повторно на патиштата со своите мотори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот Антонијо Милошоски пак, објави и видео на кое според него, се Заев и Филипче.

-Во време кога многу луѓе се борат за болнички кревет и лекови, додека фирмите и вработените се борат за преживување, Заев и Филипче лабаво со мотори на ручек во Пештани, напиша Милошоски и го сподели видеото.

 

Поврзани новости