(Видео) Миленковиќ-Савиќ избран за МВП на Купот на арапските клупски шампиони, Роналдо не можеше да верува

by Fokus

Клубот на Кристијано Роналдо, Ал Наср, во финалето на Купот на арапските клупски шампиони го победи Ал Хилал за кој настапува Сергеј Милинковиќ-Савиќ, но српскиот претставник и покрај двата гола на Португалецот ја доби наградата за играч на натпреварот.

По натпреварот имаше свечена церемонија на доделување на пехарот, како и индивидуални награди за најдобриот играч на натпреварот.

Таа награда му припадна на српскиот фудбалер Сергеј Милинковиќ-Савиќ, иако Роналдо очекуваше дека тој треба да ја добие.

Поради ова Роналдо им се пожали на организаторите покажувајќи со прстите дека постигнал два гола на натпреварот и се чудеше како е можно наградата да не отиде кај него.

Поврзани новости