(Видео) Мијалков снимен во Монте Карло со „ферари“

by Fokus

Поранешниот директорот на УБК и осуденик, Сашо Мијалков снимен во Монако како излегува од луксузен автомобил „ферари“ и влегува во скап хотел, објави Скопје1.

Снимката, според објавувачот, е направена во Монте-Карло и истата е објавена пред 14 часа. Од видеото може да се види како тој пристигнува, го остава возилото на паркирање и влегува со женска личност во хотел.

Ексдиректорот на УБК беше гонет, но многу дела му застареа, додека граѓаните чекаа правда. Тој доби 24 години затвор и тоа: три години за „Империја“, 12 години за прислушувањето односно „Таргет-Тврдина“, осум години за „Трезор“, 1,3 месеци затвор за „Плацови на Водно“. Ја одлежа само таа за „Империја“ и тоа во затворот во Струга, каде можеше по цели денови да биде надвор и да работи, а навечер да се враќа.

Поврзани новости