Левица е создадена за да биде власт, ние веруваме дека можеме да го замениме СДСМ во левиот блок. ВМРО-ДПМНЕ си легнана на брашното во врска со Преспанскот договор, вели во гостување во „Тешки муабети“ портпаролот и пратеник на Левица, Амар Мециновиќ.
Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ го пирзнава Преспанскиот договор и само го толкува, како правилно да се употребува.
Во врска со понуда за евентуална коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, Мециновиќ вели дека не добиле понуда од ВМРО-ДПМНЕ.
– Левица е наменета да дојде на власт, но не сакаме да влеземе во власт за директорски или други позиции. Ние имаме македонска платформа, за заштита на македонските државни позиции. ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ не знаеле да го применуваат Преспанскиот договор, еве сега тие ќе покажат како се применува, значи си легнаа на брашното во тој поглед.
Ние понуда за коалиција не сме добиле, од друга страна гледаме дека ВЛЕН очекува внесување на Бугарите во Уставот во првите 6 месеци. ВМРО-ДПМНЕ претходно ја рашири теренски приказната дека нема да го сменат Уставот, но како многупати претходно нема да го одржат ветувањето, вели Мециновиќ.
Во врска со условите за Влада истакна дека една изборна единица ќе биде еден од условите.
– 23.000 гласови кои Левица ги добила не биле валоризирани во пратенички мандат, некои 35% од гласовите на Левица беа практично фрлени во канта поради овој систем. Треба да се намали бројот на пратеници и да се зголеми квантитетот на еден пратеник, вели Мециновиќ кој смета дека изборен праг во една изборна единица може да има, но не преголем праг од 5% кој се заговара сега.
Во врска со политичките пазарења и преминување на пратеници од една во друга партија, Мециновиќ вели дека Левица има најсилна идеологија и може да ги задржи нивните 6 пратеници.