Годишниот метеорски дожд Персеида го осветли небото ширум светот на воодушевување на љубителите на астрономијата, како и на романтичарите кои се надеваа дека ќе ги видат ѕвездите кои паѓаат.
Метеорскиот дожд кој редовно „паѓа“ на Земјата помеѓу 23-ти јули и 20-ти август потекнува од кометата Свифт – Татл, која прави круг околу Сончевиот систем за 130 години оставајќи зад себе облак од метеори познат како Персеиди.
Kулминација на овој метеорски дожд e меѓу 12-ти и 13-ти август. Овој феномен се случува во слично време во јули и август секоја година, а овој пат го достигна својот врв во ноќта меѓу сабота и недела.
Како што пишува Би-Би-Си, метеорите удриле во атмосферата на Земјата со брзина од 215.000 км/ч.
Кометата, на која и требаат 133 години за да орбитира околу Сонцето, остава зад себе облак од вселенски отпад, а кога ќе влезе во атмосферата на Земјата и ќе почне да паѓа кон површината, „облакот“ свети поради триење и согорување, а ние го гледаме како блесок или метеорит.
Метеорскиот дожд се смета за еден од најдобрите и најатрактивните астрономски настани.
Оваа година, мрежата All Sky Fireball на НАСА, која ги набљудува метеорите користејќи мрежа од камери, го откри првиот метеор Персеида на 26 јули.
Се нарекува Метеорски дожд Персеиди бидејќи метеорите се чини дека потекнуваат од соѕвездието Персеј – именувано по херој од грчката митологија.
🚨🌠The Perseid meteor shower has begun. If you are away from the city and at night, you can see it in a short time. Images of those moments. I’ve seen close to a hundred.#Meteor #perseid pic.twitter.com/vGvHPfAKGR
— Eren 𝕮🇹🇷 (@Eren50855570) August 12, 2023