10
Ужасна е глетката утрово по пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.
Пеплосан објект, со изгорен покрив и внатрешност, каде ноќеска животот го загубија над 50 млади луѓе. Нашата екипа на терен сними видео и фотографии од трагичниот настан, кој што ја потресе Македонија. Не е дозволен пристап до објектот.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски претходно потврди дека во пожарот загинале 51 лице, а над 100 се хоспитализирани. Тој рече дека пожарот е последица на искри од пиротехника употребена за светлосен ефект.
Фото: Томислав Георгиев