(ВИДЕО) Меси со нов гол го однесе Интер во осминафинале на Купот на шампионите

by Fokus

Фудбалерите на Интер Мајами го победија Канзас Сити со 3:1 во натпреварот од Купот на шампионите, а Лионел Меси покажа дека се уште е класа кога постигна спектакуларен гол во 19. минута.

Меси на одличен начин, од полуволеј го совлада голманот на Канзас.

На крајот Интер победи со 3:1, а централни фигури беа Лионел Меси, Луис Суарез и Жорди Алба.

Ова е голот на Меси против Канзас Сити:

На овој начин Интер избори пласман во осминафиналето од Купот на шампионите каде ќе игра против претставникот на Јамајка, Кавалирс.

Првиот меч од тој двомеч е закажан за 6 март кога домаќин ќе биде Интер, а реваншот е на 14 март.

Поврзани новости