572
Аргентинецот Лионел Меси продолжува со одличните партии за Интер Мајами во Лига Купот во Северна и Централна Америка.
Рано утрово му овозможи на својот тим да ја мине осминафиналната пречка, тимот на Далас.
Ова за Меси беше прв меч надвор од Флорида по преселбата во новиот клуб.
Првиот од двата гола го постигна во свој стил во 6 минута по асистенција на Алба, а вториот во 85 минута кога реализираше магичен слободен удар за резултат 4-4.
Во пенал серијата Меси реализираше, домаќините промашија еден пенал, па Интер е во следната фаза.
Аргентинецот на четири средби за составот од Мајами досега постигна 7 гола и има една асистенција.