Американски Sky News објави видео од надзорната камера на еден од хотелите во Аспен, планински туристички град во државата Колорадо во САД, на која се гледа како мечка нападна чувар. Имено, мечката влегла во кујната на луксузно одморалиште и таму наишла на вџашен чувар.
Откако слушнал необичен звук, чуварот решил да отиде во кујната каде ја „сретнал“ мечката. Мечката го нападнала, го соборила на под, му ја искинала кошулата и го изгребала по грбот.
За среќа, човекот успеал да побегне, а Колорадо Паркови и диви животни (CPW) објавиле дека мечката била еутаназирана по нападот.
This CCTV captures the moment a bear attacked a security guard in a hotel kitchen in Colorado.
Colorado Parks and Wildlife said that the bear was euthanised following the attack.https://t.co/C3AamD1tuK pic.twitter.com/OtcuBv04qL
— Sky News (@SkyNews) October 27, 2023