Неверојатно видео доаѓа од Колорадо, сојузната американска држава на кое се гледа мече кое успеало да се прикраде во куќата низ прозорец на горниот кат од семејна куќа.
Сопственикот на куќата не бил дома во моментот на нападот на мечката, а случаен минувач од безбедно растојание го снимил провалникот додека чекал помош од стручните служби.
Мечката неколкупати влегувала и излегувала низ прозорец на катот, а откако ја пребарала куќата, избегала низ прозорец од првиот кат.
Видеото од мечката е објавено на социјалните мрежи:
Сопственикот на куќата Рајан Мекфарлејн изјави за Fox31 дека бил на работа кога дознал дека мечката упаднала во неговиот дом.
„Ја искористи храната што ја подготвив за вечера и зеде неколку кременадли. Собори неколку домашни растенија – не направи ништо страшно”, рекол Мекфарлејн.