1.7K
Планинари од ПК Македон од Скопје во текот на вчерашниот ден над селото Побожје имале индиректна средба со бестрашен посетител – мечка.
Таа била забележана кај областа „Две реки“, а планинарите од автомобил ја снимале како мирно шета по патот, без да им го загрози животот.
Пред неколку дена, момчиња имале блиска средба со волци кај крстот во селото Кучково, а ова е втор случај во последните неколку дена како луѓето имаат средби со дивеч и треба да бидат претпазливи кога се движат низ планина.