(Видео) Маж се обиде да ѝ го земе микрофонот на Грета Тунберг:„Не дојдов тука да го слушам ова“

by Fokus

Климатската активистка Грета Тунберг беше прекината во нејзиниот говор од страна на маж, кој ѝ пријде на бината откако таа покани Палестинка и Авганистанка да зборуваат на протестот за климата во главниот град на Холандија.

Тунберг разговараше со десетици илјади луѓе кога ги покани жените на сцената.

– Како движење за климатска правда, мораме да ги слушаме гласовите на оние кои се угнетени и оние кои се борат за слобода и правда. Во спротивно, не може да има климатска правда без меѓународна солидарност – рече Тунберг.

Откако Палестинките и Авганистанките зборуваа, а Тунберг го продолжи говорот, на сцената излезе еден маж и ѝ кажа дека дошол на митингот за климатски демонстрации, а не за политички говор.

Се обидел да и го одземе микрофонот од раце. Засега не е познат идентитетот на мажот, но се знае дека носел јакна со име на холандска група за чиста вода.

Пред Тунберг да излезе на бината, настанот беше накратко прекинат додека мала група активисти пред толпата вееја палестински знамиња и извикуваа пропалестински слогани.

Инцидентот се случи откако десетици илјади луѓе маршираа низ улиците на Амстердам повикувајќи на поголема акција за борба против климатските промени, на масовен протест само 10 дена пред националните избори.

Организаторите тврдеа дека 70.000 луѓе учествувале на маршот и го нарекоа најголемиот протест за климата досега во Холандија.

Поврзани новости