Пред Медицинскиот факултет во Нови Сад денеска за време на студентски блокади, постар маж со нож во рака му пришол на студент, чувар во жолт елек, кој стоел заедно со останатите собрани во толпата. По кратка борба старецот бил совладан, а немало повредени.
Како што може да се види на видеото, постар човек тргнал кон студентите кои го блокирале сообраќајот во Нови Сад, држејќи нож во раката.
– Еј, спушти го ножот! Спушти го ножот! – може да се слушне како присутните почнаа да викаат, притоа обидувајќи се да му го грабнат ножот. На крајот успеале да го разоружаат.
Medicinski fakultet, Novi Sad
Potegao nož na studenta pic.twitter.com/iOdQsNXq7u
— bgd (@bgd1718384) January 17, 2025
Novi Sad, Medicinski fakultet pic.twitter.com/UknFI718AG
— bgd (@bgd1718384) January 17, 2025
Граѓаните и студентите денеска го блокираа сообраќајот во Белград, Нови Сад, Ниш и уште неколку градови во Србија, каде со 15-минутно молчење им оддадоа почит на жртвите од падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад.
Претходно денеска советниците од Нови Сад, како и некои покраински и републикански пратеници го окупираа Градското собрание во Нови Сад.