43
Две лица се ранети денеска во Москва кога непознат маж пукал во возило на јавен превоз од прозорецот на неговата куќа, јавија руските медиуми.
Престрелката се случила во областа Бибирево на северот на Москва, пишува порталот Газета.ру.
Припадници на полицијата излегле на местото на автобуската станица каде биле искршени стаклата, делумно блокирани околните улици, а како што пренесува каналот Шот Телеграм, лекарите им помагаат на ранетите маж и жена.
Пред тоа, полицијата приведе маж во Балашиха кој претепал возач, а потоа со пиштол со гумен куршум пукал во неговиот автомобил.