Кениската активистка Аума Обама, полусестра на поранешниот американски претседател Барак Обама, била меѓу демонстрантите кои беа погодени со солзавец пред зградата на парламентот во Најроби.
Според странските медиуми, покрај солзавец, полицијата пукала и врз демонстрантите кои се обиделе да упаднат во зградата на парламентот, а се јавува и дека загинале најмалку десет демонстранти. Десетици луѓе беа повредени, а делови од зградата на парламентот беа опожарени додека пратениците го гласаа законот за зголемување на даноците.
Законот сè уште треба да го одобри претседателот Вилијам Руто.
– Тука сум затоа што, гледаш што се случува. Младите Кенијци протестираат за своите права. Тие протестираат со знамиња и транспаренти. Не можам веќе ни да гледам. Фрлија солзавец – изјави Аума Обама за Си-Ен-Ен.
.@LarryMadowo is live on scene as protests over a controversial financial bill escalate in the Kenyan capital of Nairobi.
He's been speaking to protesters on the ground, including Auma Obama – Barack Obama's sister: pic.twitter.com/12TOW2iR7e
— CNN International PR (@cnnipr) June 25, 2024
Демонстрант зад неа носеше транспарент на кој пишуваше „Колонијализмот во Кенија никогаш не престанал“, додека друг извикувал: „Ова е нашата земја. Ова е нашата нација“.
BREAKING: Protesters storm Parliament Buildings pic.twitter.com/ywke8bv4lV
— Citizen TV Kenya (@citizentvkenya) June 25, 2024
-Сакаме да го затвориме парламентот и секој пратеник да си замине и да си поднесе оставка. Ќе имаме нова влада – рече еден демонстрант Дејвис Тафари. Кенијците се борат да се справат со неколку економски шокови предизвикани од долготрајното влијание на пандемијата на ковид, војната во Украина, две последователни години суша и депресијација на валутата.
What‘s happening right now! pic.twitter.com/AjhIymDEy4
— Auma Obama (@AumaObama) June 25, 2024
Кабинетот на поранешниот претседател Обама не одговори на барањето за коментар по инцидентот.
Минатата недела во масовните протести низ земјата беа повредени најмалку 200 лица, додека едно лице загина. Уапсени се повеќе од 100 луѓе.