Пристанишниот град Севастопол на окупираниот Крим е нападнат трета ноќ по ред.
Десетици беспилотни летала го нападнаа Севастопол и блиската Балаклава во раните утрински часови, предизвикувајќи делумни прекини на електричната енергија, објави Михаил Развозаев, кого Русија го назначи за шеф на Севастопол. Остатоци од дронот што паѓаше ја погодија трафостаницата во Севастопол, рече Развозаев.
„Руските единици за противвоздушна одбрана уништија десетици беспилотни летала и повеќе од пет поморски беспилотни летала“, тврди Развозаев.
Нема извештаи за жртви. Развозајев рече дека итните служби ја следат состојбата и техничарите работат на обновување на напојувањето со електрична енергија.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека повеќе од 100 украински беспилотни летала биле уништени или пресретнати синоќа при напади на југозападниот дел на руската територија и на полуостровот Крим.
Ова е трет напад за два дена на окупираниот Севастопол. Руските официјални лица и локалните канали Телеграм објавија напади на рускиот воен аеродром Белбек, во близина на Севастопол, во текот на ноќта на 15 мај и подоцна истата вечер.
Сателитските снимки до кои дојде исклучиво CNN покажуваат три уништени руски авиони и оштетени згради во средата во воздухопловната база Белбек во Севастопол. Станува збор за пресретнувачи Микојан МиГ-31 и борбени авиони Сухој Су-27.
On @Maxar imagery, two MiG-31s and one Su-27 have been completely destroyed, and a MiG-29 damaged, at the Russian Air Force's Belbek Airbase in occupied Crimea. A fuel storage near the main airbase runway was also destroyed, and debris continued to burn in the aftermath. https://t.co/ZWflMYUFVw pic.twitter.com/80N56MRP2h
— Christiaan Triebert (@trbrtc) May 16, 2024
Сателитските снимки од Максар покажуваат два изгорени авиони на главната писта во Белбек, а третиот е паркиран на заштитен насип. Сателитските снимки покажуваат и уништена зграда во близина и друга која претрпе значителна штета.
Михаил Развозаев, гувернер на Севастопол назначен од Русија, утрово преку Телеграм изјави дека Русите „успешно одбиле масовен непријателски напад врз Севастопол“. Нападот е вторпат Белбек да биде мета на Украинците во последните 48 часа.
Запрашан за украинскиот напад на Белбек, Дмитро Плетенчук, портпарол на украинската војска, вчера изјави: „Во моментов не можеме да објавиме никакви детали бидејќи во овој момент нема проверени информации“.
Беспилотни летала и проектили рано утринава погодија нафтена рафинерија и пристаниште во рускиот град Новоросијск, предизвикувајќи експлозии и прекин на електричната енергија, објави рускиот Телеграмски канал Астра.
Fires are burning in Novorossiysk, Russian Federation, after Ukrainian drone strikes.
The port of Novorossiysk is without power. Many areas of Sevastopol, occupied Crimea, are in a blackout as well. pic.twitter.com/Lr1E2zWHPe
— Michael MacKay (@mhmck) May 17, 2024
Локалните жители изјавија дека слушнале најмалку осум експлозии во Новоросијск во текот на ноќта. Ракетата го погоди пристаништето и предизвика пожар, додаваат тие. Нападнати се и терминалот за мазут во Новоросијск и терминалот Транснефт. Новоросијск наводно останал без струја за време на нападот.
Министерството за одбрана на Обединетото Кралство на 31 март објави дека Русија ја зајакнува одбраната на пристаништето Новоросијск за да ја заштити Црноморската флота од можни украински напади.
Русија ги повлече повеќето од своите бродови на Црноморската флота од окупираниот Крим во 2023 година и ги префрли во Новоросијск. Овој потег уследи по серијата разорни украински напади, вклучително и ракетниот напад врз седиштето на флотата во Севастопол на 22 септември. Пристаништето Новоросијск се наоѓа на рускиот брег на Црното Море, во јужниот регион на Краснодарската територија.