185
Поради масовна тепачка што избувна меѓу британските патници на летот од Турција до Англија, авионот беше итно пренасочен за слетување во Брисел.
Драматичните снимки покажуваат патници како врескаат додека „летаат“ тупаници во ходникот меѓу седиштата.
Хаосот брзо се прошири во авионот, а преплашените семејства и постарите патници беа затекнати во „вкрстен оган“.
Очевидци опишаа дека виделе крв на седиштата и заби паднати на подот на леталото.
Настана хаос кога еден патник наводно се обидел да украде телефон од друг.
Полицијата влезе во авионот по слетувањето во Брисел и приведе две лица.
Патниците тврдеа дека еден од приведените пиел многу и давал расистички забелешки пред да се степа со кабинскиот персонал.