Кошаркарите на „Мајами Хит“ успејаа да возвратат по убедливиот пораз во воведниот меч од „Денвер Нагетс“ и по неизвесна завршница на синожешниот натпревар победија со 110:108.
На „Денвер Нагетс“, кои играа на домашен терен, не им помогна ниту маестралниот Никола Јокиќ со 41 поен, па тие среќата ќе мора да ја бараат во Мајами каде ќе им биде потребна една победа за да ја вратат предноста на домашен терен.
Покрај возбудливиот натпревар, на паркетот видовме и една несекојдневна сцена.
На полувремето од мечот Чарлс Баркли и маскотата на Денвер, Роки, решија да си ги разменат дресовите, поради „конфликтот“ кој трае со децении.
Се фотографираа, но на крајот Роки сепак реши да се закачи со легендарниот кошаркар и да направи „шоу“ во салата. „Роки“ е најплатената и најпозната маскота во НБА, позната и по своите акробации.
&
Charles and Rocky make up…sorta 🤷♂️ pic.twitter.com/ceZYfE9azL
— Denver Nuggets (@nuggets) June 5, 2023
;