(ВИДЕО) Маск не се откажува, по експлозијата на Starship најави ново лансирање

by Fokus

Во врска со неуспешното лансирање на ракетата Starship денеска се огласи сопственикот на компанијата SpaceX, Илон Маск, кој рече дека за неколку месеци ќе се направи обид за ново лансирање.

– Честитки до тимот на SpaceX за возбудливото пробно лансирање на ракетата Starship! Научив многу за следното пробно лансирање кое ќе биде за неколку месеци – напиша Маск на Твитер.

Ракетата долга 120 метри експлодирала неколку минути по полетувањето, пишува Би-Би-Си и ги цитира оценките на инженерите кои тврдат дека лансирањето, без разлика на експлозијата, било успешно, а собраните податоци ќе ги прегледаат за време на работата на следното тест лансирање.

Британскиот јавен сервис вели дека работите тргнале наопаку во моментот кога требало да се одвои бустерот, што довело до експлозијата.

Ѕвездениот брод требаше да биде лансиран во орбитата на Земјата, но се урнал во Пацификот, во близина на Хаваите, пишува АП и наведува дека во денешната експлозија нема повредени.

Ова беше втор обид за лансирање, бидејќи претходниот беше откажан поради замрзнат вентил, наведува агенцијата.

Компанијата претходно најави дека ракетата треба да се користи за испраќање луѓе и товар на Месечината, а потоа и на Марс.

 

Поврзани новости