Руските сили извршија напад врз украинскиот град Полтава, во кој загинаа најмалку 40 лица. Во оваа прилика се огласи претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
„Добив прелиминарни извештаи за рускиот напад на Полтава. Според моментално достапните информации, две балистички проектили удриле на територија на образовна институција и соседна болница. Една од зградите на Институтот за комуникации е делумно уништена“, рече Зеленски.
Tragedy in Poltava
41 were killed, more than 180 are injured. The Russians struck an educational institution and nearby hospital with two ballistic missiles.
The attack happened just as people were evacuating to the bomb shelter. pic.twitter.com/qpemzhEjjy
— Maria Drutska 🇺🇦 (@maria_drutska) September 3, 2024
„Луѓе беа заробени под урнатините. Многумина беа спасени. Повеќе од 180 луѓе се повредени. За жал, има многу загинати. Досега се пријавени 41 загинато лице. Мое сочувство до сите семејства и пријатели“, рече Зеленски.
Зеленски рече дека наредил целосна и брза истрага за сите околности на инцидентот.
„Во спасувачката операција се вклучени сите потребни служби. Благодарен сум на сите кои уште од првите минути по ударот им помагаат на луѓето кои спасуваат животи“, додаде шефот на државата.
Според Министерството за одбрана, „руски агресор извршил варварски напад врз една од образовните институции во градот.
Според достапните информации, Русите употребиле две балистички ракети. Временскиот интервал помеѓу алармот и пристигнувањето на смртоносните проектили бил толку краток што ги фатил луѓето во моментот на евакуација во засолниште.
Една од зградите на институтот е делумно уништена, а многу луѓе останаа заробени под урнатините. Благодарение на координираната работа на спасувачите и медицинските лица спасени се 25 лица, од кои 11 се деблокирани од урнатините. Спасувачите продолжуваат со работа.