(Видео) Масакр во Кина: Студент со нож уби осум и рани 17 луѓе

by Fokus

Студент уби најмалку осум луѓе, а 17 рани во напад со нож вечерва во источниот кинески град Вукси, соопшти локалната полиција.

Засега нема повеќе детали за ова масовно убиство.

Според полицискиот извештај, осомничениот, 21-годишен маж кој е приведен, го извршил нападот бидејќи бил огорчен затоа што не дипломирал.

Масакрот се случува само неколку дена по инцидентот во кој загинаа 35 лица, а 43 беа повредени откако автомобил удри во група луѓе пред спортскиот центар во јужниот кинески град Жухаи.

Поврзани новости