Синоќа во скопската населба Дебар Маало се случила масовна тепачка меѓу малолетници, а видео од целиот инцидент е објавен на социјалните мрежи.
Од МВР денеска излегоа со детали, информирајќи дека причина за тепачката биле претходно нарушени другарски односи.
„Р.М.(44) од Скопје пријавил дека околу 22.00 часот на улицата „Орце Николов“, во близина на сендвичарница, четири малолетнички, по вербална расправија, физички ја нападнале неговата малолетна ќерка. Според пријавеното, причина било претходно недоразбирање околу нарушени другарски односи на училиште. Полициски службеници излегле на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот“, соопшти МВР.