(ВИДЕО) Малата херојка Ангела ја победи тешката болест и заѕвони на ѕвончето!

by Fokus

Малата Ангела од Скопје ја победила тешката болест и ја напуштила Клиниката за детски болести.

Таа вчера си заминала здрава дома, а во целиот процес имала голема поддршка од братчето Дамјан кој заедно со неа заѕвонил на ѕвончето.

-Нека грми се од смеа и ѕвончето нека се слушне до крајот на светот, сестрата на Дамјан здрава си оди дома! Ете така вчера Ангела си замина од Клиниката за детски болести! Бравооо, те сакаме херојке наша, пишува во описот на објавеното видео на социјалните мрежи, на кое се гледа како е придружувана од нејзиното братче.

Поврзани новости