(ВИДЕО) Мал авион се урна во камп на Флорида, неколкумина луѓе загинаа

by Fokus

Авион со еден мотор се урна во камп на Флорида, при што загинаа неколку луѓе, соопштија официјални лица.

Како што пишува Њујорк Тајмс, пилотот пријавил дефект на авионот пред да се урне.

Пожарникарите брзо излегоа на местото на настанот, а командантот на противпожарната бригада Клирвотер на прес-конференција рече дека пожарникарите добиле повик во исто време кога локалниот аеродром пријавил авион во неволја.

Според него, пожарот бил брзо изгаснат.

Поврзани новости