Францускиот претседател Емануел Макрон беше виден како танцува цела ноќ вчера вечер на концерт на Елтон Џон, додека трета ноќ по ред се одржуваа насилни протести на улиците на француските градови поради полициското убиство на тинејџер во Париз.
За време на немирите, во многу градови беа запалени автомобили, демонстрантите се судрија со полицијата, која ангажираше околу 40.000 членови за да ги задушат насилните демонстрации, а многу продавници беа ограбени. Искршени се излозите, меѓу другите, на луксузни продавници.
Макрон е критикуван затоа што присуствувал на концерт на Елтон Џон и се фотографирал зад сцената со ѕвездата и неговиот сопруг Дејвид Фурниш – ден по пукањето и среде тековните немири, пишува Дејли мејл.
„Додека Франција гореше, Макрон не беше со својот министер за внатрешни работи или со полицијата, туку претпочиташе да му аплаудира на Елтон Џон“, рече Тери Маријани, член на Европскиот парламент од Националната алијанса.
249 полицајци и жандарми се повредени во синоќешните насилни нереди во Франција, соопшти МВР.