ВИДЕО Макрон му вети државјанство и работа во пожарникарската служба на мигрнатот што спаси бебе

by fokus

Парискиот Спајдермен, 22-годишниот мигрант од Мали, Мамуду Гасама, доби признание од највисока инстанца – беше примен од францускиот претседател Емануел Макрон во Елисејската палата во знак на благодарност за спасувањето на бебето.

Во приемот, Макрон му ветил добивање француско државјанство и прием на работа во пожарникарска служба.

Макрон му предал и одликување на Гасама за неговата храброст и самопожртвуваност.

Младиот мигрант во саботата се искачи по балконите на една зграда во Париз до четвриот кат за да спаси четиригодишно дете од сигурна смрт.

„Мислев само на неговото спасување, а благодарени на Бога, успеав да го спасам“, изјави Гасама за ТВ БМФ.

 

Поврзани новости