(ВИДЕО) Македонски државјанин возел во спротивна лента на автопат во Србија

by Fokus

Полициски службеници кои го контролираат сообраќајот со пресретнувачи, на автопатот Белград – Ниш, кај Гроцка, рано утринава околу 2 часот сопреле возило марка „фолксваген голф“ кое се движело по коловозната лента наменета за сообраќај на возила од спротивниот правец.

Возилото било управувано од четириесет и деветгодишен државјанин на Македонија.

Според информациите од МУП, против возачот е поднесена прекршочна пријава.

Поврзани новости