3
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва славеше со 2-0 против Ерменија во Ереван во меч од четвртото коло во Лигата на нации на УЕФА.
Дефанзивецот Серафимов ја затресе мрежата на домаќинот во шестата минута, но голот беше поништен од ВАР-технологијата поради офсајд.
Македонија до водство стигна со прекрасен гол на Миовски во 72. минута, а потоа Алими во 85. минута стрелаше за конечни 2-0.
Нашите репрезентативци се први во групата 4 од Ц-дивизијата со 10 бодови, по што следуваат Ерменија со четири, Летонија со три и Фарски Острови со два бода.