(Видео) Мајорка ја зафати силен ветер и дожд, носеа се пред себе

by Fokus

Силен ветер и дожд го погодија најголемиот шпански остров Мајорка. Островот се бори со екстремни бури бидејќи ураганските ветрови со брзина од повеќе од 75 милји на час и поројниот дожд го зафатија популарното одморалиште, пишува „Дејли Мејл“.

Жителите и туристите објавија видеа на социјалните мрежи на кои може да се види дека ветрот ги носи лежалките, покрај базените. Дождот и ветровите ги направија хотелите на островот непрепознатливи.

Според „Дејли Мејл“ мал број луѓе се здобиле со лесни повреди откако брод за крстарење кој бил закотвен во пристаништето се пуштил во водата и се судрил со товарен брод. Ова било предизвикано од невремето.

Локалните медиуми јавуваат дека во текот на вчерашниот ден во рок од еден час биле пријавени повеќе од 80 инциденти поврзани со поплави предизвикани од дожд.

Метеоролозите прогнозираат дека невремето ќе продолжи да го зафаќа најголемиот шпански остров уште некое време. Во неделата беа издадени предупредувања за Мајорка, Ибица, Менорка и Форментера – сите Балеарски Острови.

Метеоролозите велат дека во Мајорка дувале ветрови со брзина од 120 километри на час.

Поврзани новости